9 мај – Ден на Европа

Првата емисија од циклусот на емисии на TVTAXI28 е посветена на Денот на Европа, кој се одбележува на 9 мај. Целта на емисијата е да го прослави значењето на европската идеја и вредностите преку успешни македонски приказни – Македонци кои живеат и работат во европски градови како Љубљана и Амстердам, кои со своите мали бизниси и производи претставуваат „рецепт“ за стигнување на европскиот пазар, вклучувајќи ги и познатите јавни личности кои успешно ја претставиле својата земја во Европа.

Сите ги карактеризира успехот и признанието, не само во Македонија, туку и низ Европа. Тие се вистински “извозни” продукти и амбасадори на нашата земја, таму каде што живеат и работат.

Главен гостин во емисијата е евроамбасадорот Дејвид Гир. Дознаваме за неговата дипломатска кариера пред да дојде во Македонија, како го научил нашиот јазик, како ќе го прослави денот на Европа, како и дали има рецепт за влез на земјава во ЕУ.

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x