ЕУ фондови за земјоделие и рурален развој

ИПАРД е фонд на Eвропската Унија за развој, поддршка и модернизација на земјоделството. Секој кој сака да се занимава со оваа дејност, може да биде корисник на средства од ИПАРД фондовите. Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија наменет за рурален развој (ИПАРД) е петтата компонента на ИПА, со која се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Модерно земјоделство по европски стандарди. Македонија е прва земја во Европа која почнала со имплементација на ИПАРД 3 програмата. ЕУ одвојува 40% од својот буџет, токму за вакви инвестиции.

Ана, Стрезо и Стефан се информираат за тоа како функционираат овие фондови и во оваа емисија на ТВТакси28 разговараат со Никица Бачовски, Директор на АФПЗРР. Успешните приказни се неизбежни, а доказ за тоа се примерите на Бошко Нелкоски од ЗАУМ – производство на органски намази од лешник и Наташа Лазова, сопственик на винаријата Вардарска долина.

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x