Европска недела на спортот

Во деновите на европската недела на спортот, се дружиме со најдобрите, со шампионите, секој во својата дисциплина! Ексклузивно, во нашето Тв такси студио се возиме со олимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски кој во битката со најмоќните во оваа дисциплина во светот, не постави на врвот, освојувајќи го златото! Уште еден чекор сме поблиску до учество за Олимписките игри во 2024 година! Стефан Николовски се обидува да го наттрча балканскиот рекордер во атлетика, наш, ама светски, Дарио Ивановски. Не пропуштајте, Дарио ќе ви раскаже колку многу труд и љубов треба за врвни резултати! 🏃‍♂️🏃‍♀️ Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска успешно учествувала на повеќе маратони. Во нејзината канцеларија покрај високите потпетици, секогаш има и патики, затоа што трчањето не и е само пасија, туку и начин на живот 😍 А Катерина Попева светска шампионка, европска финалистка и балкански шампион во боди фитнес, објаснува што значи да си дел од боди билдинг светот и која е мотивацијата да си дел од него. 👌

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x