ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност(имунитетот), поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции.
Активизмот околу ХИВ/СИДА игра клучна улога во подигањето на свеста, борбата против дискриминацијата, уништување на стигмата и заблудите околу вирусот и застапувањето за правата на лицата кои имаат ХИВ/СИДА, нагласувајќи ја важноста од едукација и комуникација на оваа тема.
Исклучително важна тема, а соговорници во оваа епизода на ТВ Такси 28 се: Андријана Папиќ Манчева, координаторка за комуникации во ХЕРА, Атанас Аврамов, правен советник во невладината организација “ЗАЕДНО ПОСИЛНИ”, Огнен Јанески, новинар и активист и Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ во РСМ.