Инклузија не е илузија

Инклузијата е концепт и стремеж во општеството да се обезбеди рамка и можност за сите луѓе, вклучително лицата со различни потреби и различни карактеристики, да бидат активно вклучени и прифатени. Целта на инклузијата е да се создаде обврска и култура на прифаќање, разнообразност и рамка на рамноправност, каде секој има подеднакво исти права и можност да се развива, учи, работи и живее независно од своите попречености.

Сите заслужуваме еднакви права и можности!

Ана, Стрезо и Стефан во мисија да се поттикнат иницијативи за подобрување на третманот, правата и недискриминација на лицата со попреченост!

Во Тв Такси 28 приказната ја носи новинарот Сашо Димовски, кој откако стекнува инвалидитет, гласно зборува за своите лични и системски предизвици. Сашо за брзо време ја надминува физичката попреченост, му вградуваат мобилна протеза и повторно може да се движи на улица без количка. Апелира кон вклучување на луѓето со попреченост во сите значајни општествени сфери, односно бара искористување на нивните потенцијали и гласност во невладините организации и во различни комисии на министерствата каде што ќе можат да делуваат за подобрување на состојбите.

Не пропуштајте ја Тв Такси 28 сторијата #КогаМожамЈас #МожешИти. Камерата е вклучена на финалните подготовки на кошаркарскиот тренинг на лицата со телесен инвалидитет во колички за меѓународниот натпревар во Црна Гора, а приказната ја носи тренерот Саша Димитријевиќ. Ќе ве занеме силата и волјата на овој тим, кој прави напори и иницијатива за создавање национална платформа и конкурентност на регионално и на светско ниво.  Љубовта кон кошарката и посебно кон овие луѓе, се инспирација за храброст, решителност и непопустлив дух и доказ дека попреченоста не ја дефинира способноста.

Од Скопје, Стрезо и Стефан повторно во посета на Битола, водечкиот град на Балканот кој направи многу во однос на инклузијата на лицата со сензорна и физичка попреченост и во културата и во туризмот.

Јове Перговски, вработен во НУ Завод и Музеј Битола и претставник на ГАУС Институтот во Битола ги носи низ локациите во градот, но и до пристапниот лифт и рампите во Хераклеа со чија помош лицата со попреченост можат да присуствуваат на сите значајни манифестации во театарот.

Додека Стрезо и Стефан низ 3Д очилата ја гледаат реконструкцијата на театарот во Хераклеа и гладијаторските борби, дознаваат дека за подобрување на пристапноста до сите значајни настани создадена е апликација преку која може да истражуваат, тука е и мотивирачката платформа за алтернативното патување за трансформација на туризмот со мапирање и оцени за пристапноста за лицата со попречености, како и видеата на знаковен јазик и тактилните табли поставени на повеќе значајни објекти во Битола.

Ќе ве разнежни Тв приказната за знаковната азбука поставена во угостителскиот амбиент „Улаф Сте“, веќе добро познат бренд на пица мајсторите Радмила и Мартин во Битола, кои како лица со попреченост во говорот немаа пречки за да го остварат и развиваат својот бизнис сон!

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x