Културно наследство

Нашето културно наследство е богато и разнообразно. Оваа мала земја на Балканот носи со себе голема колекција на историски, археолошки и културни споменици кои го одразуваат богатството на македонската култура, историја и идентитет. Бројните археолошки наоѓалишта во Македонија ги откриваат тајните на старите цивилизации кои постоеле на овој простор.

На кафе во театарското бифе разговараме со Бранко од Фолтин, за градот Битола и културното наследство како инспирација за неговата музика. Се сретнуваме и со археологот Гоце Наумов, со кого дискутираме за Неолитот како тема од светски рамки.

Разговорот го завршуваме со Ема Петрова која е дел од тимот кој ги реставрира делата од нашиот еминентен македонски сликар Лазар Личеновски.

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x