Менталното здравје е заедничкa тема – и за оние кои се справуваат лично со проблемите и за оние кои треба да се систем на поддршка во општество во кое здравјето на умот не треба да е табу тема. Во новата епизода на ТВ ТАКСИ 28 Панчо од ДНК отворено зборува за својата анксиозност, Ана разговара со училишниот психолог Поп Ризова од СУГС „Орце Николов“ и менталното здравје кај децата во пубертет, а за значајноста на Националната стратегија за ментално здравје кај младите зборува координаторот Моника Зајкова. Отворена комуникација, бесплатни услуги од психолози и психотерапевти, подобрување на општествениот контекст се почетни насоки за подобрување на ова клучно прашање кое нè засега сите нас.