Обновливи извори на енергија – предизвик или реалност?
Обновливите извори на енергија претставуваат предизвик и реалност во исто време. Додека технологијата за производство на енергија од обновливите извори на енергија станува подобра и пониска во цена, се појавуваат и нови предизвици за нивна имплементација и интеграција во енергетските системи.
Дали последиците од климатските промени се реална закана за сите? Дали енергетските ресурси се на минимум? Кои се алтернативни извори на енергија во Македонија и кои се европските истражувања и иновации на ова поле? Кои се нашите опции и дали имаме национална стратегија? Поставивме многу прашања на кои очекуваме одговор во оваа емисија.