Прекуграничната соработка нуди можности за развој на земјава во повеќе сектори – туризам, култура, земјоделство, со цел да се развиваат економските и добрососедските односи меѓу граѓаните, како и невладиниот и државниот сектор. Ова е особено важно за отпочнување на нови start – up компании, зајакнување на постоечките бизниси и особено важно да се зајакне взаемната соработка меѓу земјите. Во новата епизода се возевме во ТВ ТАКСИ со Сара Климоска – најдобрата европска ѕвезда во подем на Берлинале, која веќе и добро ја знаеме по одличните улоги во филмовите на нашите најдобри режисери. Мартин Пејоски го посетивме на терен кој ни ја покажа значајноста на спасителната служба која работи на два кросбордери со Поградец и Грамш од Албанија. На отворено не` пречека и Игор Тодевски, кој ни ја потенцираше значајноста на кросбордерот со Елбасан, Албанија кој е клучен за зајакнување на Крушево на европската параглајдерска мапа.