Раѓање на зборот

Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење за Републиката. Во оваа емисија зборуваме за значењето и заштитата на македонскиот јазик и идентитет како дел од богатата традиција, дел од нашето културно наследство, дел од нашиот идентитет, но и дел од заедничката европска иднина.

Обработуваме различни аспекти на значењето на јазикот низ формите на комуникација, изразување, историја, па сѐ до денешните литературни дела кои нѐ претставуваат низ Европа.

За сите овие аспекти, разговараме со добитникот на европската награда за литература, писателот Петар Андоновски. Врската на јазикот и уметноста, односно феноменот на комуницирање без зборови го претставуваме преку циклусот на 31 слика на уметникот Сергеј Андреевски,  кој ги насликал буквите од македонската азбука. За тоа колку е тешко да се научи македонскиот јазик ни зборува Крешимир Бартуловиќ од Хрватска, кој го научил нашиот јазик инспириран од песните на Тоше Проески. Посебно место во емисијата има Зоран Радически, вистински полиглот, кој е официјален преведувач од 10 јазици, а говори над 21 странски јазик.

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x