Рурален туризам

Руралниот туризам во Македонија претставува вистинско искуство во природна и автентична околина. Оддалечени од градската врева, руралните области нудат можност за уживање во богатството на традицијата, културата и гостоприемството на локалното население. Оваа форма на туризам обезбедува можност за истражување на селските пејзажи, посета на автентични села и уживање во традиционалната македонска кујна. Ана, Стрезо и Стефчо возат кон селото Рамне, Охридско и одат на гости кај Наташа и Васко Неданоски, домаќини на “Пирустија Неданоски”. Од Охрид ТВ Такси 28 вози кон Вевчани заедно со поетот Дарко Лешоски. Вевчанските извори се првата зелена приказна во земјава, а со тоа Вевчани се здобива со статус на кандидат за една од 100-те зелени дестинации во светот. Вевчани претставува култура и традиција подолга од 14 века, огледана во семејните куќи, архитектонски ремек дела, заштитени споменици на културата. Александра Велкоска е туризмолог, од Вевчани и за неа, Вевчани има огромен потенцијал за развој на рурален, одржлив активен туризам, Планинарско еколошкото друштво Церн Камен, активно работи на заштита на биодиверзитеот и екологијата на Јабланица, како и развојот на руралниот туризам.

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x