Оваа емисија на ТВ Такси 28, ја посветуваме на сите жени и девојчиња жирум светот кои биле жртви на насилство. Го посветуваме нашето внимание на глобалната иницијатива за подигнување свест за овој проблем преку интервјуа, разговори и репортажи, истражуваме за причините и последиците на оваа форма на насилство, промовирајќи активизам и заеднички напори за креирање безбедна и поддржувачка средина за сите жени и дев ојки. Заедно со Росана Дуџак, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и Жаклина Гештаковска Алексовска, Аналитичарка за програма за родови прашања, УНФПА разговараме за кампањата на годишно ниво, предизвиците за спроведување на активности после кампањата, што е превземено досега и кои се промените во Кривичниот Закон. За тоа низ што минуваат жртвите на насилство, можете да слушнете преку емотивната изјава на една жена која минала низ тој пекол. Ја посетивме и Лидија Илиевска, психолог во хуманитарното здружение Мајка во Куманово. Се возевме и со Рисима Рисимким, а низ разговор ни го раскажа нејзиниот патувачки концепт – филм, танц перформанс и дебати „простор за разговор/танц“ инспириран од 12 жени жртви на насилство.