Великанот Никола Мартиноски

Великанот Никола Мартиноски, роден во 1903 година во Крушево, е еден од најистакнатите македонски уметници и академици во XX век. Дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт во 1927, каде станал најдобар студент за таа година. Во периодот 1927-1928 престојувал во Париз и ги посетил Академи де ла Гранд Шомјер и Академи Рансон. По враќањето во Македонија, имплементирал европски модерни сликарски тенденции и бил активен во општествен план. Бил иницијатор за формирањето на Средното ликовно училиште во Скопје, Друштвото на ликовни уметници и Уметничката галерија (денес Национална галерија на Македонија). Учествувал во формирањето на Македонската академија на науките и уметностите. За неговото творештво и неговата исклучително голема општествена улога во Македонија, зборуваме со проф. Д-р Кирил Пенушлиски, а за неговиот приватен живот, се возиме и од прва рака се информираме од неговата внука проф. д-р Ана Мартиноска. Неговите изложби, како самостојни, така и групни, биле приредувани во многу градови во Европа и бивша Југославија, а неговите уметнички дела можат да се најдат во колекции на музеи и галерии, како и во приватни колекции. Познат и по муралите во Скопје, Мартиноски оставил траен печат на македонската уметност и култура.

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments
0
Would love your thoughts, please comment.x
()
x